ВИДЕО: Култниот бенд Оејзис му одаде почит на Жота со песната – „Живееш засекогаш“!

Култниот британски бенд Оејзис му оддаде почит на починатиот португалски фудбалер Диого Жота, синоќа во Кардиф на нивниот прв концерт по долгата пауза. За време на изведбата на нивната песна „Live Forever“ (Живееш вечно) на големите екрани се појави слика од Жота во црвен дрес на Ливерпул.

Емотивниот момент предизвика спонтан аплауз од страна на присутната публика. Некои навивачи кренаа португалски знамиња во знак на почит, додека други палеа црвени факели, создавајќи спектакуларна атмосфера што одразуваше колку Жота беше сакан и ценет од навивачите.

Диого Жота трагично загина во сообраќајна несреќа на трети јули, заедно со својот брат Андре Силва, што длабоко го шокираше фудбалскиот свет. Португалскиот напаѓач остави неизбришлив белег во срцата на навивачите на Ливерпул и на португалската репрезентација. 

Концертот во Кардиф го означи почетокот на историската турнеја на Оејзис, која предизвика огромно возбудување кај фановите ширум светот по години шпекулации за повторно обединување на браќата Галагер, кои се страствени навивачи на Манчестер Сити.