• Мартин Танасковски
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија е во исчекување на квалификациите за Европското првенство (ЕП), а непосредно пред новиот собир, има новост во националниот тим - капитенката му кажа „ДА“ на селекторот.
Нашата најдобра кошаркарка и главен адут во сениорскиот тим, Анжелика Митрашиновиќ, доби понуда за брак од партнерот со кого е подолго време, селекторот на Македонија, Александар Ашаданов.
Двајцата објавија фотографија на летување на која Митрашиновиќ позира со прстен на раката, а за тоа добија честитки од повеќе македонски кошаркарски репрезентативки.