Кристијано Роналдо има план, еве каде ќе живее по пензионирањето

Кристијано Роналдо веќе го има испланирано животот по завршувањето на фудбалската кариера, а англиските медиуми откриваат детали за местото каде што португалската ѕвезда планира да ужива во пензионерските денови.

Како што пренесува „Мирор“, Роналдо инвестирал во ексклузивна вила на португалското крајбрежје, вредна околу 30 милиони евра. Имотот се наоѓа на помалку од еден час возење од Лисабон и нуди целосна приватност, далеку од секојдневниот метеж и медиумското внимание.

Луксузниот објект веќе е целосно завршен и подготвен за вселување, а според извештаите, станува збор за една од најимпресивните приватни резиденции во регионот. Современата архитектура, модерниот ентериер и панорамскиот поглед кон Атлантикот се само дел од причините поради кои вилата привлекла големо внимание.

Дури и за стандардите на Роналдо, познат по својот раскошен начин на живот, оваа инвестиција се издвојува како симбол на луксуз и комфор, наменет за мирен и ексклузивен живот по завршувањето на неговата богата кариера.