Кристијано Роналдо е прогласен за најпопуларен спортист во светот

Стрелецот на победничкиот пенал, кој им ја донесе „Ундецима“ на фудбалерите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е прогласен за најпопуларен спортист во светот. Листата е направена од страна на ESPN, a брои 100 имиња.

На второто место се најде играчот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, додека на третата позиција е класифициран неговиот најголем ривал на фудбалските терени, Лионел Меси. Меѓу најпопуларните 100 се наоѓаат 17 фудбалери, а Португалецот е предводник на сите нив.

Еден соиграч на Роналдо, Колумбиецот Родригез се најде меѓу првите десетмина, додека Герет Бејл и Вејн Руни од Манчестер Јунајтед пласирани се во првите 20.