• Мартин Танасковски
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо би можел да стане дел од една од најголемите филмски франшизи во историјата, откако холивудската ѕвезда и продуцент Вин Дизел откри дека е напишана специјална улога за португалската фудбалска икона во следното продолжение на серијалот „Брзи и бесни“.
Актерот, познат по улогата на Доминик Торето, на социјалните мрежи објави фотографија со Роналдо, со што дополнително ги поттикна шпекулациите за можно појавување на КР7 на големото платно. Во објавата, Дизел истакна дека добивал многу прашања дали португалецот ќе биде дел од „митологијата“ на франшизата и нагласи дека станува збор за вистинска легенда, за која веќе е подготвена конкретна улога.
Ѕвездата на Ал-Наср се наоѓа при самиот крај од својата богата спортска кариера и веќе активно го подготвува своето идно ангажирање надвор од фудбалските терени. Во април годинава, Роналдо го најави стартот на сопственото филмско студио „Мери“, кое го основа заедно со реномираниот режисер и продуцент Метју Вон.
Од друга страна, следниот филм од серијалот на Вин Дизел ќе го носи насловот „Брзи и бесни 11“, работно познат како „Fast Forever“, и е најавен како финале на популарната франшиза која започна уште во 2001 година.
Иако премиерата претрпе одредени одложувања, филмот треба да се појави во кината во 2026 година, што му остава доволно време на Роналдо да го реализира својот потенцијален деби-настанап во еден од најпознатите холивудски блокбастери.
