Кошаркар си купи остров за два милиони долари и го направи свој „рај“!

Поранешниот НБА кошаркар Реџи Балок привлекува големо внимание на социјалните мрежи откако јавно го претстави својот приватен остров во Белизе. Американскиот кошаркар, кој никогаш не беше меѓу најголемите ѕвезди на лигата, во 2023 година инвестира околу два милиони долари за да го купи целиот остров, што потоа го преименува во „Остров Балок“.

Денес, според проценките, вредноста на неговото ексклузивно место достигнува околу 10 милиони долари, што е петкратен раст во однос на почетната инвестиција.

Имотот, кој се простира на целата површина на островот, вклучува осум луксузни апартмани наменети за туристи, ресторан со бар, современ спа-центар, базени и инфраструктура која го претвора островот во приватен ресорт.

Иако Балок не остави длабока статистичка трага во НБА, зад себе остави 11-годишна кариера со повеќе од 550 одиграни натпревари. Благодарение на тоа, во текот на кариерата заработи околу 53 милиони долари.