ФОТО: Кој е следен? Дибиров се сретна и со „виновникот“ што Италија остана без СП

Вардаровата ѕвезда Тимур Дибиров со своето семејство ужива во летниот одмор, а на дестинацијата каде што престојуваат секојдневно налетува на големи фудбалски ѕвезди.

Пред неколку дена се сретна со еден од најдобрите десни бекови и член на Манчестер Сити, Кајл Вокер, а денес на плажа го „улови“ и асот на Челзи, Жоржињо, кој се смета за најголемиот „виновник“ што Италија нема да учествува на следното Светско првенство во Катар.

<<< ПОВРЗАНО - ФОТО: Дибиров се сретна и фотографира со ѕвезда на Манчестер Сити

Имено, играчот за врска на „азурите“ во последното коло од квалификациите за СП против Швајцарија не реализира пенал во 90. минута и така ја остави Италија без прво место во групата. Потоа, во полуфиналниот бараж европскиот шампион беше елиминиран од нашата селекција, а токму Жоржињо не реагираше соодветно на акцијата на Македонија, по која Трајковски со спектакуларен гол ги растажи Италијанците.