ФОТО: Киелце или ПСЖ - не му е гајле, Циндриќ ужива во летото!

Хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ уште минатата сезона потпиша за полскиот шампион Киелце и од летово треба да игра во тимот на Талант Душебаев. Сепак, проблемите со кои се соочува Киелце, може да бидат причина 25-годишниот Циндриќ воопшто и да не заигра таму.

Низ хрватските медиуми се појави информација дека Раул го посакувал хрватскиот среден бек во ПСЖ и дека францускиот тим нуди четири милиони евра за да го откупи неговиот договор со Киелце. 

Сепак, Полјаците објавија дека оваа сезона ќе бидат конкурентни и ќе ги исполнат сите финансиски обврски кон играчите, па Циндриќ може да биде мирен. Дали Киелце или ПСЖ, сеедно му е, тој ужива во летниот одмор, што може да се види од фотографиите што ги споделува на социјалните мрежи.