• Мартин Танасковски
Суперѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, се приклучи на женскиот фудбалски клуб Челзи како ко-сопственик. 31-годишниот грчки кошаркар ја изрази својата гордост за можноста.
„Историјата на Челзи зборува сама за себе и возбуден сум што ќе придонесам за иднината преку поддршка на континуираниот раст и влијание на женските спортови. Станува збор за амбиција, наследство и подигнување на играта на следното ниво. Напред Челзи!“, напиша Антетокунмпо на социјалните медиуми.
Антетокунмпо е шампион на НБА и МВП на финалето на НБА во 2021 година. Двократен МВП на регуларната сезона на НБА. Челзи е трет на табелата во Англиската женска фудбалска лига со 27 бода.