„Јамал не е скромен како што изгледа, тој веќе има календар на девојки“

После контроверзниот 18-ти роденден и ангажирањето на луѓе со растечки хормонски пореметувања како дел од забавната програма, младиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, повторно е во центарот на јавноста.

Инфлуенсерката Фати Васкез, која минатото лето беше забележана со него на одмор во Италија, сега јавно изнесе своја верзија на случувањата, воедно упатувајќи и сериозни обвинувања на негова сметка. Таа тврди дека биле во контакт осум месеци и дека на крајот се сретнале во Италија - во период кога Јамал сѐ уште бил малолетен.

„Ламин не е толку скромен и повлечен како што многумина мислат. Имав прилика да го запознаам неговиот најтесен круг и не добив впечаток дека донесува зрели одлуки. Луѓето околу него, особено неговиот тим, му даваат лоши совети.

На само 17 години веќе посетуваше ноќни клубови, организираше забави и носеше по десетина девојки на јахта на Ибица. Тоа е амбиент во кој е невозможно да се сокриеш од камери и папараци“, вели таа. 

Таа додаде дека лично доживеала непријатна ситуација:

– Пред да се видам со него, ми се јави една девојка која тврдеше дека била со Ламин претходниот ден. Ми беше чудно, но дури подоцна сфатив дека сè функционира како некаков распоред.

Неговиот агент, наводно, буквално води календар во кој однапред се запишани имињата на девојките со кои ќе се гледа. Тој “распоред“ го нарекуваат „календар на девојки“, заклучи Васкез

Јамал неодамна наполни 18 години и стана вистинска движечка сила на тимот на Барселона. Младиот шпански фудбалер беше и во трката за „Златната топка“, но таа на крајот замина во рацете на Усман Дембеле.