• Горан Упале
Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Леброн Џејмс оставија голема трага во светскиот спорт во последните две децении, но последниот ден од април нема да го паметат по добро.
Имено, тројцата великани во ист ден беа елиминирани со своите екипи за кои настапуваат. Кристијано Роналдо со Ал Наср не го мина полуфинале од азиската Лига на шампиони и загубија од Кавасаки.
Лионел Меси пак, со Интер Мајами беа исфрлени од Купот на шампионите од Ванкувер Вајткепс. Можеби најболна елиминација е таа на Леброн Џејмс. „Кралот“ кој веќе наполни 40 години ги заврши овосезонските настапи во НБА лигата, откако неговиот Лос Анџелес Лејкерс загуби во серијата од Минесота.
Дали на нашите херои од детството им се ближи крајот?

