• Горан Упале

Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ веќе неколку месеци заздравува од повредата на коленото, но тоа не значи дека не е активен на социјалните мрежи.
41-годишниот напаѓач сè уште не одиграл ниту една минута оваа сезона. Швеѓанецот веќе тренира напорно, а за Божиќ објави фотографија од боксерскиот ринг и испрати провокативна порака.
„Среќен Божиќ на вас и вашите сопруги“, напиша Златан на Инстаграм.
Ибрахимовиќ го пропушти и финишот од ланската сезона, во која Милан го освои скудетото, а наскоро се очекува неговото враќање на терените.