ВИДЕО: Ибра во соблекувалната на ЛА Галакси слуша песни од Халид Бешлиќ

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се врати во САД и ги започна подготовките со Лос Анџелес Галакси за претстојната фудбалска сезона.

Тој објави видео од соблекувалната на првиот тренинг, а на истото може да се чуе интересна музика во позадина. Голгетерот кој важи за еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот ужива во песна на Халид Бешлиќ, еден од најпознатите пејачи на народна музика од Босна и Херцеговина.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Back to business @lagalaxy

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

На видеото може да се чуе како Златан ја слуша песната „Београѓанка“, еден од најголемите хитови на Бешлиќ. Тој дури и си потпевнува, што наиде на одушевување на луѓето кои доаѓаат од Балканот.