ФОТО: Ибра на балкански начин ужива во пензијата – прави скара со песна од Лепа Брена!

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ одново стана во фокусот на вниманието со една своја објава на социјалните мрежи, но овој пат таа стана хит на овие простори.

Поранешниот голгетер објави видео на „Инстаграм“ како прави скара во својот дом, а во позадина се слуша песната „Луда по тебе” од Лепа Брена. За само два дена видеото има над 13 милиони прегледи на социјалната мрежа. 

Општо познато е дека Златан Ибрахимовиќ по потекло е од Босна и Херцеговина. Тој не зборувал често во медиумите за своите корени, но никогаш не ги негирал своите предци. Семејството Ибрахимовиќ ја напушитиле родната земја одамна поради воените конфликти со Хрватска и Србија, а подоцна Златан стана шведска икона.