• Мартин Танасковски

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ги користи последните денови од одморот пред да се врати во Милано и да му се стави на располагање на Милан.
Ветеранот, кој има 41 година, заздравува од повреда и се подготвува за кам-бек на терените. Во меѓувреме, додека Милан и неговите колеги стартуваат во Серија А против Салернитана, тој е на плажа.
Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот во моментов се наоѓа во Мајами. На плажа тој покажа дека е во топ-форма затоа што изгледа како „ѕвер“.



