ФОТО: Хуманиот Кристијано му го исполни сонот на тешко болно детенце

Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо е познат како голем хуманитарец и човек кој секогаш е тука за своите фанови.

Португалецот важи за еден од најдобрите фудбалери и еден од најпознатите спортисти во светот. Неговиот последен гест ги одушеви дури и оние кои немаат симпатии кон него.

Тој организираше патување за младо детенце од Бристол кој заедно со своите најблиски допатува во Торино за да го запознае својот идол.

Детето се вика Џозеф и има 10 години, а од својата четврта година боледува од тумор на мозокот. Од тогаш, па се до денес, тој е под терапии и постојани контроли на доктор.

Роналдо се запозна со него и неговата помала сестра, потпиша неколку негови работи, а потоа и го прошета низ тренинг центарот на Јувентус.