Хуманата страна на спортот: МЗТ, Работнички, Вардар..., дел од хепенингот за помош на малата Сара!

Кошаркарските екипи на МЗТ Скопје и Работнички, фудбалската репрезентација, ракометните екипи на Вардар и Металург, како и ракометните судии Начевски и Николов синоќа учествуваа во хуманитарниот хепенинг за помош на малата Сара Настеска од Охрид. 

Горенаведените спортски клубови, федерации и работници донираа свои потпишани дресови, кои беа продавани на аукција, а собраните средства завршија во кутијата за донација за малата охриѓанка.

Сара боледува од Анемија Апластика, болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, а трансплантацијата на коскената срж во Германија е единствениот спас за неа.

За тие што не беа во можност да присуствуваат на овој хепенинг, можат да ѝ помогнат на 15-годишната охриѓанка со донација на 100 денари преку броевите 143-102 (Телеком) и 143-480 (ВИП).