• Саше Љолес
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, се откажа од тестирањето на новите гуми на „Пирели“ поради лошата здравствена состојба на неговото куче, за кое вели дека е многу приврзан.
Британецот реши да не се појави на тестирањето и замина во болницата, каде неговото куче Роско во моментов е во кома. Лекарите успеале да ја вратат работата на срцето, но не е познато дали ќе закрепне од тешката моментална состојба.
„Успеаја да го вратат срцето во функција, но сега е во кома. Не знаеме дали ќе се разбуди, ќе се обидеме утре наутро. Би сакал да се заблагодарам на сите за поддршката што ја добив“, рече Хамилтон.
Седумкратниот светски шампион е голем љубител на животните, а тоа го има покажано и докажано веќе многу пати во животот. Неговото куче Роско беше чест посетител на неговите трки, а на „својот“ инстаграм профил има 1,3 милиони следбеници.