ФОТО: Георгина со новогодишен подарок за Роналдо – моќен „Ролс Ројс“!

Кристијано Роналдо ги минува божиќните празници со семејството, а ѕвездата во светскиот фудбал го доби новогодишниот подарок од својата сакана Георгина Родригез.

Моделот од Аргентина на Роналдо му подари моќен автомобил од марката „Ролс Ројс“. Подарокот Кристијано го потврди на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде објави фотографија со автомобилот во панделка и напиша - „Ти благодарам, љубов моја“.

Кристијано Роналдо е слободен агент во моментов, а медиумите велат дека е премногу близу до потпис на договор со Ал Наср за рекорден договор кој би го направил најплатен играч во светот.