ФОТО: Георгина доби конкуренција, девојката на Де Лихт е вистинска убавица!

Георгина Родригез, девојката на Кристијано Роналдо, важеше за најубава девојка на фудбалер во Серија А, но по трансферот на Матијс Де Лихт во редовите на Јувентус, таа доби конкуренција...

Се работи за Ане-Ки Моленар, ќерката на поранешниот фудбалер Роберт Моленар. Таа работи како модел, а по трансферот на Де Лихт се очекува да се најде во фокусот на италијанските медиуми кои сигурно ќе ѝ понудат да биде нивно заштитно лице.

19-годишниот фудбалер во редовите на Јувентус пристигна од Ајакс за сума од 75 милиони евра и се очекува да биде едно од најзвучните засилувања во калчото оваа сезона.