Гаскоњ паднал и скршил шест ребра: Плачев, го видов мојот покоен татко

Иконата на англискиот фудбал Пол Гаскоњ откри дека бил итно префрлен во болница по сериозен пад за време на празниците, при што скршил шест ребра. 58-годишникот опишал како бил во „агонија“ и „паника“, верувајќи дека може да умре.

„Се држев за нешто и паднав наназад. Скршив шест ребра и прободов белодробно крило. Отидов во болница, бев во агонија и ми даваа лекови против болки. Само почувствував како вратот ми се зголемува. Брзо го повикав хирургот бидејќи паничев“, рече Гаскоњ.

Популарниот Газа потоа додаде дека во неговата агонија мислел дека гледа визија од својот покоен татко Џон.

„Го видов татко ми во облаците и навистина паничев. Имав 38 операции, па затоа обично не ме загрижува, но овој пат бев навистина исплашен. Си велев: „Ве молам, повикајте го хирургот.“ Плачев гласно!“.

Гаскоњ со години се бори со зависност од алкохол и ова не е првпат да зборува за своите испади.