Форбс: Меси на врвот, Серена единствена жена меѓу првите 100 најплатени спортисти

Forbs

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, уште една година по ред се најде на врвот на најплатените спортисти во светот.

Магазинот „Форбс“ ја откри листата на најплатените 100 имиња во спортот, а Аргентинецот ја предводи истата со заработка од 127 милиони долари. 

Кристијано Роналдо со 109 милиони е зад својот лут ривал, а зад себе ги има Нејмар (105), Канело Алварез (94) и Роџер Федерер (93,4).

Фудбалот и кошарката се доминантни спортови, а Серена Вилијамс единствена жена во ТОП 100. Дури 62 имиња доаѓаат од САД, а сите останати се од 25 различни држави.