„Forbes“ објави: Роналдо најплатен спортист за 2015, Меси веднаш зад него

Популарниот магазин „Forbes“ денес ја објави ранг-листата на најплатени личности од јавниот живот, меѓу кои има и голем број на активни спортисти. 

Во првите 100 на оваа листа имаше место за дури четворица тенисери. На 16. место е Швајцарецот, Роџер Федерер, кој во 2015 година заработи 68 милиони долари, рекетот број еден, Новак Ѓоковиќ е 26. со 56 милиони, Шпанецот, Рафаел Надал со 37,5 милиони долари го зазеде 72. место, додека 82. е Јапонецот Кеи Нишикори со 33,5 милиони долари. 

Најплатениот спортист кој е петтопласиран на ова листа е ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со заработувачка од 88 милиони долари, а на осмото место се најде асот на Барселона Лионел Меси со 81,5 милиони долари. 

Кај кошаркарите најплатен е Леброн Џејмс со 77 милиони годишна заработувачка (11 место), а врвот на оваа листа беше резервиран за американската пејачка Тејлор Свифт, чија заработувачка изнесува неверојатни 170 милиони долари.