ФОТО: Еве како најголемите фудбалски ѕвезди го поминаа „Денот на вљубените“

Роналдо

Социјалните мрежи се одлично место за да се погледне во интимата на најголемите фудбалски ѕвезди, кои вчера со фановите споделија како го поминаа „Денот на вљубените“.

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, замина на романтична вечера со Георгина Родригез, Дејвис Бекам постира стара фотографија од него и неговата сопруга Викторија, а Џон Тери позираше со својата животна сопатничка Тони.

За разлика од нив Филипе Кутињо ја искористи можноста да замине на егзотично патување со сопругата Аине.

Дани Алвес ја прегрна сопругата Јоана, а Фабрегас постира носталгична фотографија од денот на својата свадба. Дибала, пак, исто така позираше со девојката Ориана Сабатини.