• Мартин Танасковски

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд не игра на Светското првенство (СП) и е на одмор во шпанска Марбеља, а таму папараците го уловија со неговата девојка, како двајцата уживаат.
Ѕвездата на Манчестер Сити е во врска со 18-годишната Изабел Хаугсенг Јохансен, која е фудбалерка и до пред скоро време беше дел од норвешкиот Брине, клуб од градот во кој е роден Ерлинг Халанд.
Двајцата се во врска неколку месеци, но не беа низ медиумите. Англиски „Сан“ објави фотографии и во приказната потенцира дека Халанд и Јохансен се лудо заљубени.

