ВИДЕО: Елмас во улога на ди-џеј, Мертенс танцуваше на хит на Халид Муслимовиќ

Елмас Мертенс

Ељиф Елмас одлично се адаптира во соблекувалната на Наполи, а полека ја добива и посакуваната минутажа која ќе му овозможи да го докаже својот огромен квалитет.

Еден од играчите со кои македонскиот репрезентативец има одличен однос е Дриес Мертенс. Белгискиот интернационалец беше еден од подобрите на теренот во победата над Интер во полуфиналето на Копа Италија.

Атмосферата меѓу фудбалерите на Џенаро Гатузо е одлична, а доказ за тоа е последното видео на социјалните мрежи на кое нашиот Елмас го запознава Мертенс со балканска музика.

Белгиецот одговори со танцување на познатиот хит на Халид Муслимовиќ - „Није мене душо убило“.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by (@sscnapolination) on