ФОТО: Елмас „страшен“ за Ноќта на вештерките – видете ја неговата маска!

„Ноќта на вештерките“ е народен празник кој се слави секоја година на 31 октомври. Празникот кој повеќе се празнува во западниот и јужниот дел од Европа носи и маскирани членови од клубовите, а исклучок на тоа не беше и Наполи.

Карактеристично за празнувањето е тоа што семејствата длабат тикви во разни облици, ставаат фенер во вдлабнатината и тиквата ја оставаат пред вратата за време на ноќта. Децата се облекуваат во страшни костими како вештерки, духови, волшебници, костури и со украсена торба во рака одат од куќа до куќа кажувајќи ја познатата реченица: „Trick or treat“ (Да ти направам трик или ќе ми дадеш чоколатце).

Својата маска за овој празник ја покажа и Ељиф Елмас, македонскиот репрезентативец кој игра во калчото. Во продолжение, погледнете ја страшната маска на македонскиот плејмејкер...