• Горан Упале

Кенискиот атлетичар и двократен олимписки шампион на 800 метри, Дејвид Рудиша, преживеа авионска несреќа, пишува „Би-Би-Си“.
Авионот, во кој покрај Рудиша имаше уште пет други патници, се урна во саботата во округот Каџиадо во југоисточна Кенија. Еден од патниците е префрлен на лекување во болница, а останатите се здобиле со полесни повреди.
„Сè беше во ред, но неколку минути откако полетавме моторот на авионот одеднаш запре. Пилотот виде чиста област каде што се обиде да го приземји авионот, но едното крило удри во дрво и авионот почна да се врти пред да слета на карпеста земја. Пилотот заврши неверојатна работа и го одржуваше авионот стабилен долго време“, рече Рудиша.
Кенискиот атлетичар се враќаше од годишните Олимписки игри во Масаи во резерватот Кимана во округот Каџиадо. Тој е и актуелен светски рекордер на 800 метри.