• Мартин Танасковски
Македонскиот голман Столе Димитриевски повеќе не е ерген. Заплива во брачните води откако официјално се регистрира со својата партнерка Ирина Јанкуловска.
Непосредно пред собирот на националниот тим, двајцата имаа регистрација на брак во земјата во која настапува голманот - Шпанија. Облечени во голем стил, со одлична фото-сесија, ги споделија своите моменти на социјалните мрежи.
Димитриевски ќе биде дел од тимот на Валенсија во Примера, а потоа се упатува на собирот на Македонија, за пријателскиот меч со Летонија и главниот меч за бараж преку квалификациите со Велс во Кардиф.
