ФОТО: Дибиров се сретна и фотографира со ѕвезда на Манчестер Сити

Спортските ѕвезди го користат овој период за да уживаат во својот годишен одмор. Дел одат на егзотични дестинации, дел на големи турнеи, но сите уживаат во краток период без спорт. 

Својот годишен одмор ова лето, веројатно долго ќе го памети Тимур Дибиров. Ракометарот на Вардар со своето семејство е на летување на непозната локација, а на социјалните мрежи се пофали со фотографија за паметење. Дибиров се сретна со ѕвездата на Манчестер Сити, Кајл Вокер. 

Двајцата спортисти со насмевки на своите лица се фотографираа, па Дибиров доби голем спомен со фудбалската ѕвезда. Во период кога иднината на Вардар во Лигата на шампионите е нејасна, ракометарите уживаат во кратките одмори пред стартот на подготовките за новата сезона, а атмосферата во огромна мера ќе зависи од одлуката на ЕХФ.