• Мартин Танасковски
Аргентинската пејачка и инфлуенсерка Ники Никол, која има повеќе од 23,4 милиони следбеници на Инстаграм, повторно го привлече вниманието на јавноста со својата најнова фотосесија, која ја разбуди фантазијата кај мажите на социјалните мрежи.
Младата музичка ѕвезда, која е во врска со фудбалскиот талент на Барселона, Ламин Јамал, објави серија фотографии во елегантен, но провокативен топ, што ги истакнува нејзините облини. Со комбинација од минимализам и уметнички израз, Ники Никол уште еднаш потврди зошто е меѓу најпопуларните личности на латиноамериканската сцена.
Објавата за кратко време собра повеќе од 1,5 милиони лајкови, а коментарите под фотографиите беа преплавени со пофалби и комплименти од нејзините фанови ширум светот. Ники Никол, која веќе неколку години успешно ја гради својата музичка кариера, е позната по модерниот спој на поп, хип-хоп и урбани ритмови, но и автентичност и харизма, со која таа стана една од највлијателните млади уметници во Латинска Америка.