• Саше Љолес
Претседателот на црногорската фудбалска федерација, Дејан Савичевиќ, бил приведен во полиција поради повеќе сообраќајни прекршоци, јавија регионалните медиуми.
Поранешниот ас на Црвена Звезда и Милан платил парична казна и бил пуштен од полициското одделение, а дополнително ќе мора да се појави и на судско рочиште.
Според неколку извори, се работи за неколку прекршоци поради брзо возење и претекнување на полна лента. Црногорските медиуми се обидоа да добијат изјава од Савичевиќ, но без успех.
ФОТО/PHOTO: FSCG