• Горан Упале

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес е обвинет за сексуален напад во Барселона. Жената која што била жртва го пријавила најодликуваниот фудбалер на сите времиња во полиција.
Таа тврди дека Дани Алвес и ја ставил раката под долната облека. Сексуалниот напад се случил во раните утрински часови во клуб познат по тоа што го посетуваат славни личности од целиот свет.
„Кога каталонската полиција пристигна на местото на настанот и разговараше со жртвата, наводниот напаѓач веќе го напуштил ноќниот клуб“, пишуваат шпанските медиуми.
Алвес е најтрофејниот фудбалер во историјата на фудбалот со дури 43 трофеи, а моментално настапува во мексиканската лига.