Да се биде Ирец е гордост: Приспивна песна за бебе обвиткано со ирско знаме

Gol.mk на EURO 2016

Ирските навивачи уште еднаш ја покажаа својата големина и коректност на Европското првенство во Франција. По поразот во Бордо од Белгија вчера попладне со 3-0 „армијата“ навивачи во зелено во метро се враќаше во центарот на градот и доби нов свој навивач.

Мало бебе кое се обидуваше да заспие во метрото со неговиот тактко и мајка, доби ирско знаме околу себе и приспивна песна од десетици ирски фанови, кои со ништо не беа разочарани од поразот на нивната репезентацијата од посилната Белгија. 

Да се биде Ирец е гордост на Европското првенство, барем по однесувањето на нивните навивачи.