ВИДЕО: Човечки тегови - Де Брујне со помош на децата ги зајакнува нозете

Де Брујне

За многумина најдобриот фудбалер во Премиер лигата, Кевин Де Брујне, пронајде одличен начин да ја одржува цврстината на нозете додека е во карантин со сопругата и своите деца.

Двата синови имаат перфектна тежина за да му овозможат одлична вежба за нозе на ѕвездата на Манчестер Сити. Видеото го сподели белгискиот интернационалец на својот Твитер профил.

Паузата од фудбалот му годи на членот на „граѓаните“, кој ги пропушти последните два натпревари на екипата поради повреда.

Во тековната сезона, Де Брујне има осум погодоци во Премиер лигата и највисоки меѓу конкуренцијата 16 асистенции.