Бреjди го потстрижи Златан на „нула“: Облог си е облог! (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалски ас Златан Ибрахимовиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со необична објава на социјалните мрежи. Швеѓанецот сподели фотографија заедно со легендата на американскиот фудбал Том Брејди, на која Брејди држи машинка за шишање, додека Ибрахимовиќ е со значително „скратена“ коса.

„Облог е облог“, напиша Ибрахимовиќ, алудирајќи на хумористичен предизвик меѓу двајцата.

Целата ситуација е дел од голема промотивна кампања на Фокс Спортс, која се подготвува за следењето на Светското првенство во фудбал. Телевизиската мрежа собра познати имиња кои ќе бидат дел од студиската програма за време на турнирот.

Покрај Ибрахимовиќ и Брејди, во проектот учествуваат и Брус Арена, поранешен селектор на САД, како и хокеарската легенда Мајк Ерузионе.

Рекламата е со песната „The Impossible Dream“ од Елвис Присли, со порака дека и невозможните соништа можат да станат реалност, вклучително и евентуален триумф на САД на Светското првенство.