Братот на Јокиќ ја доби казната за „боксирањето“ на трибините во Денвер

Постариот брат на Никола Јокиќ, Страхиња е осуден на една година условна казна, откако призна вина за нарушување на јавниот ред и мир и за недозволено влегување на теренот. Казната следи по инцидентот што се случи во април 2024 година за време на натпреварот меѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс.

Настанот се сличи на трибините на „Бол Арена“ во Денвер, кога Страхиња физички нападна навивач на Лејкерс, Николас Маер, а целиот инцидент беше снимен и брзо се прошири на социјалните мрежи. Првично Страхиња беше обвинет за напад од трет степен, но подоцна постигна спогодба со обвинителството и ја призна вината за полесни прекршоци.

Според обвинителството на округот Денвер, оштетениот Маер во тужбата навел дека поради ударот добил потрес на мозокот, исеченици, модринки и девијација на носот, додека Страхиња тврдел дека реагирал за да заштити постар пријател.