Босански коментатор ќе ве насмее до солзи: „Кого дојдоа девојките да гледаат...?“ (ВИДЕО)

Босна

Босански коментатор ги освои симптатиите во регионот, за време на натпреварот од шестото коло од футсал лигата во БиХ.

Екипата на Сараево беше домаќин на Салинес и успеа да слави со убедливи 5-1. Меѓутоа головите и потезите на теренот беа во втор план поради урнебесната „анализа“ на коментаторот.

„И некои девојки се појавија пред мене на трибините, само не знам кого би можеле да гледаат. Сите играчи се женети, Ибро за малку не, не знам дали Јокиќ има девојка. Хамџа е женет, Сипа сигурно не сака девојки, барем така вели. Другите не ги знам. Навистина не знам кого би можеле да гледаат овие три девојки кои седат пред мене...“.

Доколку сакате некој слатко да се насмее, пуштете му го ова видео...