Беше херој на Амстердам, но во сообраќајка уби човек – наместо во затвор, замина во Милан!

Легендата на Ајакс и Барселона, Патрик Клајверт беше миленик на холандската публика уште за време на неговата прва сезона во Ајакс. Овој многу талентиран фудбалер освои голем број трофеи со холандскиот клуб, вклучувајќи ја и незаборавната титула во Лигата на шампионите во 1995 година, кога го постигна победничкиот гол против Милан.

Неговата кариера во Холандија го допре дното, кога како 19-годишник со БМВ М3 на неговиот пријател, го усмрти холандскиот театарски режисер Мартин Патнам. 56-годишникот почина на лице место по судирот. Реконструкцијата на местото на настанот откри дека Клајверт се движел со 104 километри на час во зоната каде што се дозволени 50 километри на час. Покрај тоа, тој возел и неосигурен автомобил.

Патрик беше прогласен за виновен од судот во Амстердам за предизвикување смрт со несовесно возење, но избегна затвор. Клајверт беше осуден на 240 часа услуга во заедницата и му беше изречена забрана за возење во наредните 18 месеци.

„Тој беше во автомобил на пријател и очигледно не можеше да се справи со моќта на истиот. Звукот на несреќата се почувствува како бомба кога експлодираше“, се сеќава сведок на трагедијата.

Клајверт откри дека поминал низ пеколот од холандската јавност, која никогаш не му простила.

„Во еден момент бев идол на публиката, херој на холандскиот фудбал. Следниот момент бев распнат за она што го направив. Беше ужасно“, изјави неколку години подоцна Клајверт. 

Една година подоцна, Клајверт замина во Милано. Тој подоцна имаше успешни кариери во Барселона и Њукасл, завршувајќи ја кариерата во Лил во 2008 година.