ФОТО: Балканците главни на Инстаграм - Матиќ го покани Ибрахимовиќ на македонски ајвар

Матиќ и Ибрахимовиќ

Пред неколку дена го објавивме видеото во кое Златан Ибрахимовиќ ја започна новата сезона во Лос Анџелес Галакси, слушајќи го популарниот пејач Халид Бешлиќ.

На Инстаграм постот имаше илјадници коментари, а реагираше и Бешлиќ, кој му се заблагодари на шведскиот напаѓач за промоцијата. 

Интересна „провокација“ пристигна и од страна на неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, кој кратко прокоментира: „Сељак“.

Во продолжение погледнете каков одговор следуваше од страна на Златан, кој потоа доби и покана од страна на Србинот: „Ајде дојди, стигна ајвар направен во Македонија“.

Крајот на одморот не е омилен кај повеќето фудбалери, а Швеѓанецот се погрижи со песна да го започне својот прв „работен“ ден...