Арда Туран доби условна затворска казна – две години и осум месеци!

Турскиот фудбалер кој е под договор со Барселона, Арда Туран, доби условна затворска казна од две години и осум месеци и евентуален нареден инцидент ќе го смести зад решетки.

Некогашниот репрезентативец кој е на позајмица во Истанбул Башакшехир, во октомври минатата година учествуваше во тепачка со пејачот Беркај Сахин и му го скрши носот на музичарот. Потоа, тој пристигна во болница да го посети со пиштол кој го поседувал нелегално и предизвикал паника.

Турскиот суд му одреди казна од две години и осум месеци, а исто така тој не смее да се најде во неволја во наредните пет години. За инцидентот, Туран претходно доби и санкција од Истанбул Башакшехир, во висина од 350.000 фунти.