• Саше Љолес
Пррвиот светски тенисер, Карлос Алкараз, реши да го посети напуштениот затвор „Алкатраз“, кој се наоѓа веднаш до брегот на Сан Франциско, во сојузната држава Калифорнија.
Алкараз ќе настапи на Лејвер Купот во овој град, па затоа реши да го посети познатиот затвор, за кој во минатото беа снимени и неколку холивудски филмови.
Carlos Alcaraz visits Alcatraz.
He understood the assignment pic.twitter.com/nLJqx7A7Wk
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) September 17, 2025
После посетата на затворот, Шпанецот изјави дека на островот почувствувал неверојатна енергија која му дала дополнителен стимул за добар настап на турнирот.
Прв меч за Алкараз на Лејвер купот ќе биде дуелот во двојки, каде заедно со Јакуб Меншик ќе се соочат против Тејлор Фриц и Алекс Микелсен.
