Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, повторно се најде во центарот на вниманието на шпанските медиуми, овојпат поради својот приватен живот. Според фотографиите и информациите кои се појавија во шпанските таблоиди, Јамал e забележан во Закинтос во друштво на инфлуенсерката Инес Гарсија, а двајцата биле фотографирани како се држат за рака за време на одморот во Грција.