• Горан Упале

По два спектакуларни дуели познати се финалистите на Светското снукер првенство во Шефилд. За титулата ќе се борат легендарниот Рони О'Саливен и Џад Трамп.
Трамп одигра вистински трилер дуел со Марк Вилијамс. По првите две сесии имаше сигурни 11-5, но третата донесе промена на динамиката. Вилијамс беше поуспешен во вечерната сесија со 6-2 и целосно се врати во мечот, намалувајќи на 13-11.
One of the most dramatic semi-final deciders we've ever seen #ilovesnooker #JuddTrump pic.twitter.com/3K1lcRxOyo
— Snooker Freaks (@SnookerFreaks) April 30, 2022
Трамп подобро ја отвори четвртата сесија и поведе со 14-11. Потоа следуваа три фрејма на Вилијамс и израмнување на 14-14, а поискусниот продолжи со добрата игра и за првпат поведе со 16-15. Сепак, Трамп во клучните моменти потврди зошто е еден од најдобрите и со два врзни дрејма се избори за голема победа и пласман во финалето.
За втората титула светски првак Трамп ќе се бори против Рони О'Саливен, кој полуфиналниот дуел против Џон Хигинс го реши со сигурни 17-11. Ова ќе биде осмо финале за „ракетата“, а ќе се бори за седмата титула.