Трамп доминира против Вилијамс, „класикот“ О'Саливен – Хигинс израмнет

Поранешниот најдобриот снукер играч на светот, Џад Трамп игра во врвна форма во овој дел од сезоната. 32-годишникот од Бристол по попладневната сесија одржана во четвртокот води со 7-1 во фрејмови во полуфиналето на Светското првенство во Шефилд.

Четвртиот играч на планетата игра моќно во легендарниот „Крусибл“. Против Марк Вилијамс отвори одлично и поведе со 3-0, а откако загуби еден фрејм, влезе во нова серија за убедливо водство од 7-1. Пласман во финалето ќе обезбеди играчот кој прв ќе достигне 17 фрејмови.

Во второто полуфинале, во вечерната сесија во „Крусибл“, шесткратниот светски шампион Рони О'Саливен по лошиот старт и одличното враќање против Џон Хингис успеа да го заврши првиот натпреварувачки ден со резултат 4-4.

Шкотланѓанецот беше непогрешлив на стартот против О’Саливен и поведе со 3-0, но не го издржа ритамот и дозволи легендарниот Рони да се врати во игра и да израмни на 4-4. Полуфиналните битки од Светското првенство во Шефилд продолжуваат денес.