• Горан Упале

Вистинска реткост е аматер да победи еден од најдобрите професионалци во некој спорт, но таквата приказна денес дојде од светот на снукерот.
Светскиот вицешампион во снукер, Шон Марфи, изненадувачки испадна во првото коло од шампионатот на Обединетото Кралство, откако беше поразен со 6-5 од 19-годишниот кинески аматер Си Џиахуи.
Светот е одушевен од она што успеа да го направи Џиахуи, а Марфи никако не може да се помири со поразот. Во интервју за „Би-Би-Си“, тој остро ги нападна организаторите на турнирот.
„Ќе звучам како мрзлив старец, но тој воопшто не треба да биде на овој турнир. Тоа не е фер, тоа не е исправно. Загубив од некој кој воопшто не треба да биде во оваа зграда. Не знам зошто станавме спорт кој им дозволува на аматерите да се натпреваруваат на професионални турнири. Па, ние живееме од ова. Налетав на некој кој не игра под ист притисок како мене. Тој е човек без грижи на овој свет, а јас од ова сум живеам. Не е фер“, рече Марфи.
Марфи веднаш доби одговор од страна на „World Snooker“, кои соопштија дека Џиахуи го заслужил своето место на турнирот како еден од водечките играчи во „Q Schoola“ (една од формите на квалификациски турнири).