• Горан Упале
Рони О’Саливен, најпопуларниот и моментално најдобриот снукер играч во светот, имаше тешки моменти на „Players Championship“.
По освоените пехари на Мастерсот и на Светското ГП, Англичанецот беше поразен во четвртфиналето од сонародникот Марк Селби со неверојатни 6-0. Најавата за дебаклот дојде веќе во првиот фрејм, кога О'Саливен многу се налути. Направи фаул три пати и тоа би значело дека во нормални околности ја губи партијата.
Сепак, судијката Десислава Божилова по втората грешка заборави да го опомене и Рони сепак остана на масата. Фрустрацијата ја изрази во следниот потег, кога со сите сили ги погоди црвените топки и го остави Селби со чиста ситуација да ја расчисти масата.
- Селби славеше на крајот, а еве како изгледа кога Рони „полудува“.
Interesting shot selection from Ronnie O’Sullivan #PlayersChampionship pic.twitter.com/HkdM5lSDTm
— Live Snooker (@Livesnooker) February 22, 2024
Инаку, турнирот „Players Championship“ се игра во Телфорд, Англија.