Со 46 натпреварувачи во Гран Клуб стартува новиот билијард шампионат на Македонија!

Со 46 натпреварувачи од шест различни градови од нашата држава, утре започнува првиот турнир од Националното билијард првенство. 

По само два седмици откако беше официјално промовирана Билијард федерацијата на Македонија (БФСМ), стартува новиот проект на амбициозното раководство и овој викенд го организира првиот турнир во поединечна конкуренција, дисциплина 9ка. 

Гран Клуб Скопје ќе биде првиот домаќин на овој шампионат, во кој најдобрите билијард играчи во нашата држава ќе се натпреваруваат по формат на двојна елиминација. 

Стартните парови на првиот турнир од Националното билијард првенство: