Снукер светот во шок: Изненадувачко име доби титула „најголем на сите времиња“

Хигинс

Секоја дебата поврзана со снукерот вклучува имиња како Рони О'Саливен, Стивен Хендри, Стив Дејвис...

Меѓутоа најновото истражување на универзитет во Лимерик прогласи изненадувачко име како „најголем на сите времиња“ во овој спорт. Анализита на резултати од 1968 до 2020 година покажаа дека Џон Хигинс е на врвот пред конкуренцијата и сите останати легенди.

Истражувањето се состоеше од комплексен алгоритам кој ги мери резултатите засновани врз индивидуалниот квалитет на противниците и меѓусебниот скор на најдобрите играчи. Шкотскиот играч заврши пред О'Саливен, а на третото место се најде марк Вилијамс.

Хигинс не се согласува со ова, иако зад своето име има четири светски титули и вкупно 31 трофеи во кариерата.