Снукер ѕвездата потроши четири милиони евра: Срам ми е да кажам каде живеам!

Марк Ален веќе долго време важи за еден од најдобрите снукер играчи во светот. Овој 36-годишник од Северна Ирска во текот на својата 16-годишна професионална кариера освои шест големи турнири и стигна до полуфиналето на Светското првенство.

Неговото има денес е главна тема кај британските медиуми бидејќи во интервју за „Би-Би-Си“ откри дека неодамна прогласил банкрот, иако во кариерата заработил над четири милиони евра само од наградни фондови од турнирите.

„Ова беше единствениот начин да се спасам, тоа беше да прогласам банкрот. Срам ми е да кажам дека сега живеам под кирија. Трошев пари пред да ги заработам, а сето тоа кулминирало со многу, многу скап развод. Сè на што размислувам сега е да се средам себеси“, рече Ален.

Тој ги објасни своите големи трошоци.

„Кога би можел да се вратам, би ги правел работите поинаку со парите. Ако некој автомобил е достапен за 50.000 фунти, ја би потрошил 80.000 фунти. Ако можам да изнајмувам стан за 1.500 фунти, јас би потрошил 2.500 фунти. Не обрнував внимание, не внимавав на даноците и не одвојував пари за вакви ситуации“, додаде познатиот снукер ас.

Северноирецот моментално е десетти на снукер ранг листата, додека најдобриот ранкинг го имаше пред две години, кога беше на четвртото место.